Разрешен кинескиот министер за одбрана Ли

Ли Шангфу / Фото EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Кинескиот претседател Си Џинпинг го разреши генералот Ли Шангфу од функцијата министер за одбрана и од Државниот совет.

Тоа е второ смена на висок претставник на кинеското раководство во изминатите три месеци, откако во јули беше разрешен од функцијата и поранешниот министер за надворешни работи Чин Ганг.

Сè уште не е познато зошто Ли е разрешен. Исто така не е познато кој ќе биде именуван за министер за одбрана …

„Фајненшл тајмс“ во август објави дека Ли можеби е суспендиран и дека е под истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот