РАЗОТКРИЕН МАКРОТО НА СРПСКАТА ЕСТРАДА: Познати личности меѓу клиентите!

српска естрада главната проститутка
Фото Курир.рс

Михајло Максимовиќ е името на лицето кое е уапсено под сомнение дека изнајмувало станови за проституција на естрадни личности од Србија.

Основното јавно обвинителство на Србија започна истрага против него, под обвинение дека е вмешан во трговија со луѓе. Тој е притворен на 25 март оваа година, истрагата е во тек, а во моментов не е познат точниот број на оштетени луѓе.

Во моментот кога е уапсен, тој поседувал уредно водена евиденција за девојки за кои постои сомнеж дека ги подведувал на проституција, како и на клиенти кои ги користеле неговите „услуги“, пишува Еспресо.рс.

Тој наводно поседувал и изнајмувал станови во Белград, каде што елитните и ВИП клиентите ги носеле своите придружнички.

Како што дознава Курир.рс, во евиденцијата на Максимовиќ се пронајдени повеќе од 300 клиенти, меѓу кои и политичар од власта, но и поранешен кошаркар. Во списоците постојат и имињата на девојките и жените, хотелите и становите каде што се состанувале со клиентите, а уште поголем шок бил списокот со клиенти кои плаќале старлети, манекенки, стилистки и други познати женски личности од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот