Разговор со Мартин Теов, член на Управен одбор на „Винер Лајф“: Транспарентност преку дигитализација

Наш соговорник е Мартин Теов, член на Управниот одбор на „Винер Лајф“.

Какви резултати остварува Винер Лајф оваа година и како се справува со последиците од коронакризата?

 Корона-кризата очигледно влијае на сите сегменти од економијата на државата, вклучувајќи го и животното осигурување како доста карактеристична финансиска гранка. „Винер Лајф“ како членка на австриска групација со 200-годишна традиција, својот раст го базира на стабилност и одржливост. Пазарот на животно осигурување во С. Македонија, за жал оваа година бележи пад со третиот квартал од 4,3%, пред сè поради влијанието на светската здравствена криза. „Винер Лајф“ може да се пофали со раст на премијата од 5.3% во споредба со 2019 година. Тоа се должи на отворањето на нови продажни канали, стабилноста на постоечките, како и зголемувањето на понудата и услугите што ги нудиме кон клиентите и посветеноста кон грижата за истите.

Ги спомнавте услугите, што поконкретно?

 Почнувајќи од минатата недела, комплетно го редизајниравме нашиот веб-сајт и воведовме повеќе услуги кои досега не беа достапни за клиентите. Регистрација, брзо плаќање, увид во состојбата на сите полиси што ги има клиентот, новости во однос на нашите партнери и соработници, картички за лојалност и каде може да се користат и многу други нови содржини. Идејата за новата веб-страница тлееше подолго време и конечно доби реализација и завршница оваа година, поттикната од новите случувања и сѐ почестото користење на онлајн-услугите. Животното осигурување е производ кој досега многу ретко се купуваше онлајн, со овој чекор се доближуваме до клиентите и на дигитален начин им нудиме комплетна транспарентност и увид во нивните вложувања.

Пазарот на животно осигурување во С. Македонија, за жал оваа година бележи пад со третиот квартал од 4,3%, пред сè поради влијанието на светската здравствена криза. „Винер Лајф“ може да се пофали со раст на премијата од 5.3% во споредба со 2019 година. Фото – Драган Митрески

Како понатаму, кои се следните чекори?

– Процесот на дигитализација во „Винер Лајф“ нема да застане тука, за наредниот период планираме нови решенија, мобилна апликација и свежи содржини на нашиот сајт. Во 2021 година имаме амбициозни планови, земајќи предвид дека особено во втората половина од годината и здравствената состојба би требало да се подобри, а со тоа и економската. Сопствената продажна мрежа бележи голем раст, за наредната година се планирани и новости со нашиот стратешки партнер Шпаркасе банка, како и подготовка на нови производи со нашиот традиционален партнер ВФП Брокер и ВФП Фонд. 2021 нека биде година на нови почетоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот