Разбојници упаднале во канцеларијата на „Донирај Компјутер“, украдени лаптопи спремни за донација

Фото: Фејсбук/ Борче Стаменов

Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, информираше Борче Стаменов, човекот одговорен за голем број деца да имаат услови за следење на онлајн наставата во време на пандемијата.

 

-Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота, напиша Стаменов на Фејсбук.

„Донирај компјутер“ е непрофитна невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Веќе шест години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и на над 1500 семејства им е обезбеден компјутер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот