Рау потпиша дипломатска нота до Германија: Полска бара отштета за Втората светска војна

Збигњев Рау/ Фото EPA-EFE/Virginia Mayo / POOL

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау потпиша дипломатска нота до Германија во врска со отштетата од Втората светска војна со која се официјализираше барањето на Полска за репарации, пренесува Ројтерс.

Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се подмирени.

„Нотата го изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција.

Во 1953 година, тогашните комунистички владетели на Полска се откажале од сите барања за воени репарации под притисок на Советскиот Сојуз, кој сакал да ја ослободи Источна Германија од обврските.

Полските владејачки националисти велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не може да преговара за правична компензација. Тие покренаа барања за воени репарации откако ја презедоа власта во 2015 година и го направија промовирањето на полските воени жртви централно во нивниот апел до национализмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот