Расте интересот за фотоволтаици, за 14 месеци издадени се 355 лиценци

Фото: Архива

Во Македонија постои се поголем интерес за инвестиции во обновливи извори. Регулаторна комисија за енергетика сооопшти дека за 14 месеци има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава. Само во првите два месеци од оваа година во  државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори, кои добија лиценци за работа од РКЕ.

Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Според Бислимоски со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

Во 2022 година, РКЕ издала лиценци за вкупно 267 централи, што е речиси двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години. Од 2017 до 2021 година издадени се 146 лиценци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот