Расправа во конгресот за тврдењата дека Стејт Департментот прикрива информации за НЛО

Фото: Архива

Kлучни информации од одржаната расправа во американскиот Конгрес во врска со тврдењата дека Стејт Департментот на САД го прикрива постоењето на НЛО, пренесува британски Телеграф. 

САД спроведоа „повеќедецениска” тајна програма за НЛО, вели поранешен американски разузнавач. “Свиркачот” Дејвид Груш тврди дека не човечки суштества се пронајдени како доказ за вонземјаните. Тој тврди дека Американската влада спровела „повеќедецениска“ програма која собирала остатоци и пронајдени неиденификувани предмети и се обиде да направи обратно инженерство, од урнати НЛО.

Груш, кој ја водеше анализата на необјаснетите аномални појави (НЛО) во агенцијата на американското Министерство за одбрана (Пентагон) до 2023 година, тврдеше дека нему му бил забранет пристапот до тајните владини програми за НЛО. Тој тврдеше дека има сознанија за „луѓе кои биле под закана или повредени“ во текот на владините напори да ги прикријат информациите за НЛО.

Конгресот на САД го одржа своето прво сослушување за НЛО. Тројца пензионирани американски воени офицери му рекоа на поткомитетот за безбедност на главното истражно тело на Претставничкиот дом, Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, дека биле сведоци на „необјаснети аномални појави“ Тврдењето на Груш во текот на сведочењето пред Американскиот Конгрес е дека САД поседуваат „целосни и делумно недопрени“ вонземјански летала.

Американската војска вели дека активно се обидува да го истражи малиот број на забележани вакви појави за кои нема очигледно објаснување. Телеграф, а исто така и американскиот Гардијан пренесуваат дека Пентагон ги негира тврдењата на Груш за прикривање. Во изјавата, портпаролот на одделот за одбрана рече дека иследниците не откриле „никакви проверливи информации за да ги поткрепат тврдењата дека постојат било какви програми во врска со поседување или обратно инженерство на вонземски материјали ниту дека постоеле во минатото или постојат во моментов“.

Пред две години, извештајот на Пентагон откри дека 144 официјални видувања на НЛО биле пријавени помеѓу 2004 и 2021 година – од кои 80 биле исто така подигнати со опрема за следење – но не се дадени детали. Наспроти ваквите тврдења на официјалното Министерство за одбрана на САД – Пентагон, при сослушувањето во Конгресот се појавија сведоци како Дејвид Фрејвор, поранешен командант на морнарицата кој се сеќава дека видел чуден објект на небото додека бил на мисија за обука во 2004 година.

Рајан Грејвс пак кој е пензиониран морнарички пилот пак тврдеше дека го гледал НЛО крај брегот на Атлантикот.

На сето ова фрла сомнеж тоа што нивната приказна се повторува и во други медиумски интервјуа. но без дополнителни детали  за НЛО и  ваквите тврдења не се дадени под заклетва пред Конгресот што фрла сомнеж на целата негова  приказна.

Во своите завршни зборови, републиканскиот конгресмен Глен Гротман го опиша сослушувањето како „просветлувачко“ и рече дека верува дека ќе следи легислатива во врска со овие прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот