Распишана потерница по Робињо, кој е осуден на девет години затвор!

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо го загуби спорот/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо ја загуби последната жалба во случајот во кој му се суди за силување, па Обвинителството во Милано распиша меѓународна потерница за 37-годишниот за силување девојка (23), заедно со неговиот пријател Рикардо Фалко.

Случајот со групно силување се случи во 2013 година во ноќен клуб во Милано, а четири години подоцна се појави на суд, за да добие епилог половина деценија подоцна.

Пораката на Робињо што ја испратил до пријателите кога случајот бил пријавен во полиција била искористена како еден од доказите во случајот.

– Смешно е и воопшто не ми е грижа, бидејќи жената беше пијана, не ни знае што се случило – напиша Бразилецот.

Засега нема реакција од бразилските власти на барањето на Италијанците, а причината е што државниот закон вели дека е забранета екстрадиција на бразилски државјани во други земји.

Но, доколку Робињо се случи да ја напушти својата татковина и да зачекори во која било друга земја, тој ќе биде уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот