Расколот меѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал: Каде пукна „тиквата“ меѓу поранeшните колешки

Profimedia

До долгo oчекување, продолженија на култната серија, на социјалните мрежи завладеа општо воодушевување кога стана јасно дека ќе се снима уште една сезона, сега под насловот „And Just Like That…“ , а своето враќање на екраните го потврдија сите освен Ким Катрал, која ја играше Саманта Џонс.

Сара Џесика Паркер потврди дека повторно „ќе влезе“ во чевлите на Кери Бредшо, откако на Инстаграм објави кратко видео во кое се гледа дека станува збор за нови продолженија од култната серија, која овој пат ќе се прикажува на ХБО-Макс. Синтија Никсон и Кристин Дејвис истото го споделија на Инстаграм и така најавија дека ќе ѝ се придружат на Сара во новата сезона од серијата „Сексот и градот“ под наслов „And Just Like That“.

Profimedia

Сите три актерки се извршни продуцентки заедно со Мајкл Патрик Кинг, што секако ќе им се исплати, бидејќи секоја од нив ќе добие повеќе од еден милион долари од епизода, а во план се десет.

Но, Ким Катрал нема да им се придружи, како што и најавуваше во последниве години. Ваков развој на настаните не е чуден, со оглед дека таа имаше повеќе јавни кавги со главната актерка Сара Џесика Паркер. Нејзиниот затегнат и лош однос со колешките е вечна тема уште од 2004 година кога заврши снимањето на серијата.

Мислите дека уште сме релевантни? Тоа би била вистинска причина за враќање на малите екрани. Навистина ми недостига да ги насмеам луѓето и публиката, бидејќи уживам во тоа – изјави во јануари 2010 година Катрал, а денес го тврди спротивното.

Кон крајот на 2017 година таа зборуваше дека во третото филмско продолжение нема да учествува и тоа јасно го кажала во декември 2016 година. Во октомври истата година седумгодишната драма конечно доби завршница, но за жал несреќна – филмот сепак нема да се снима, а тоа го потврди и Паркер во изјави за медиумите.

Profimedia

Вистината е дека нема да можеме да го снимиме третиот филм и многу сум разочарана поради тоа – изјави таа и поттикна лавина реакции. Во јавноста протекоа информации дека за тоа главен виновник е Ким, која не сака да ѝ се придружи на актерската екипа.

Неверојатно е дека добивам ваква негативен медиумски третман поради нешто што јасно и гласно го одбив пред една година. Во декември минатата година добив телефонски повик и се сеќавам дека бев во Шведска. Ми се јавија за филмот и мојата улога во него, но веднаш ги одбив и им се заблагодарив на понудата. Не се работи за пари, ниту за сцените или славата, туку едноставно е моја одлука. Имам 61 година, а треба да играм 40-годишна жена. Другите девојки се десетина години помлади од мене и ако тие го прифатат проектот, тоа е нивна одлука – изјави Ким во 2018 година и навести дека парите се виновни за нејзиното одбивање да се појави во продолжение на филмот. Односно, Сара Џесика добивала многу повисок хонорар од останатите актерки и секогаш била во центарот на внимание. Сето тоа ескалираше кога Ким го изгуби братот, по што Сара ѝ изјави сочувство (само) преку социјалните мрежи.

Не ми треба твојата љубов и поддршка во овој трагичен период, Сара Џесика Паркер. Мајка ми денес ме праша: ‘Кога таа дволична Сара Џесика Паркер ќе те остави на мир’. Твоето постојано јавување е болен потсетник на тоа колку беше и остана злобна. Ќе бидам многу јасна (ако не бев досега). Не си мое семејство. Не си ми пријателка. Престани да ја користиш мојата трагедија за да ја вратиш својата репутација на добра девојка“, напиша Ким и со тоа ја уби секоја надеж дека тие две некогаш ќе соработуваат.

Profimedia

Имав многу лекции во животот, а оваа ме научи дека морам да работам со добри луѓе и при тоа да се обидам да се забавувам – изјави своевремено фаталната Саманта, јасно давајќи до знаење дека „Сексот и градот“ никогаш веќе нема да го снима.

На фестивалот „Трибека“ во 2018 година Сара изјави:

Никогаш не сум ѝ изговорила нељубезен или непријателски збор. Со сите на сетот поминав еднакво исто време. Секогаш многу ја ценев работата на Ким и нејзиниот придонес во сè.
Синтија Никсон и Кристин Дејвис главно се дистанцираа од препукувањата на колешките. Кристин не го искажа своето мислење на социјалните мрежи и не ја посочи директно Ким, но очигледно е вознемирена.

„Би сакала да можевме сите со последното поглавје да ги довршиме приказните за своите ликови“, напиша Кристин на социјалните мрежи.

За Сара многу пофалби има Вили Гарсон, кој во серијата го глуми нејзиниот пријател Стенфорд Блеч, како и Крис Норт, кој го игра господин Ѕверка.

Од 2020 година Ким веќе не сака да зборува за својот однос со Паркер.

Сè има на Гугл, па најдете да видите што сум кажала. Тоа беше тогаш и кога ќе погледнам на сè што се случуваше околу мене, едноставно не се каам – изјави за „Лос Анџелес тајмс“ лани во септември.

Многубројните обожаватели на социјалните мрежи пишуваат дека серијата нема да биде иста без Ким Катрал. Одговарајќи на коментарите, Сара изјави дека постои едноставна причина за нејзиното отсуство – „не е потребна“ во новата сезона.

Не е вистина дека не ја сакам. Никогаш не сум го рекла тоа. Никогаш. Саманта не е дел од оваа приказна. Но, таа секогаш ќе биде дел од нас. Без разлика каде сме и што работиме – порача Сара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот