Рашковски: Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини, тврди доскорешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во изјава за ТВ 24.

Како писмен одговор до редакцијата на ТВ 24, Рашковски напишал дека заминал на одмор во Мексико со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.

– Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра, вели Рашковски.

Антикорупциска го испитува софтверот на Рашковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот