Рамос со тешко срце и кажа збогум на Шпанија

Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Еден од најдобрите шпански дефанзивци на сите времиња, Серхио Рамос објави крај на репрезентативната кариера.

Рамос кој сега го нјоси дресот на ПСЖ со тешко срце и кажува збогум на репрезентацијата и тоа не по негова желба. Како што самиот објави, разговарал со новиот шпански селектор, Луис Дела Фуенте кој го известил дека нема да смета на него.

„Дојде време. Се збогувам со репрезентацијата на Шпанија. Утрово разговарав со актуелниот селектор и ме извести дека не сум дел од неговите планови, без разлика како ќе играм или што ќе правам. Со тешко срце, тука е крајот на патот, се надевав дека ќе заврши со подар вкус.

Искрено верувам дека ова патување кое го имав заслужи да заврши по мој избор или бидејќи моите перфорамнси не се потребното ниво. А не поради годините или други причини, иако овие работи не ги слушнав, доволно сум искусен да ги почувствувам. Затоа што возраста само по себе не е предност или недостаток, тоа е само бројка што секогаш не е поврзана со перформансите или способностите. Им се восхитувам на играчи како Модри, Меси и Пепе.

Тие се суштината на традицијата, вредностите, меритократијата и правдата во фудбалот. За жал нема да биде така за мене бидејќи фудбалот не е секогаш фер и фудбалот никогаш не е само фудбал“.“, стои помеѓу другото во неговото соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот