Рама кај Алиев во Азербејџан

Рама и Алиев/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Албанскиот премиер денеска е во посета на Азербејџан, каде се сретна со претседателот Илхам Алиев, на која, покрај другото му се заблагодарил за потпишаниот декрет за отворање амбасада на Азербејџан во Тирана.

– На средбата стана збор за унапредување на билатералните односи по посета на претседателот Алиев на Албанија, каде беа поставени важни конкретни пресвртници во соработката. Искрено му се заблагодари за претседателскиот декрет со кој се одобрува отворање амбасада на Азербејџан во Тирана, стои во соопштението од кабинетот на премиерот Рама.

Се додава дека Алиев го пречекал со посебен подарок: слика со албански елементи, чиј автор е неговата ќерка.

На 15 ноември Алиев првпат дојде во Албанија, каде што беше пречекан од албанскиот претседател Бегај, средба која означува важна точка во билатералните односи меѓу Албанија и Азербејџан.

Деновиве медиумите објавија дека Алиев го одобрил отворањето на амбасадата на неговата земја во Тирана по барање на Бегај при неговата посета на Албанија.

Посетата на Алиев на Албанија на 15 ноември Бегај ја оцени како историска бидејќи беше прва посета на еден азербејџански претседател на Тирана.

Албанија, која со Азербејџан се дел од ТАП гасоводот, е транзитна рута за азербејџански гас во правец на Европа и од 2027 година се очекува овој гас да почне да минува низ Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот