Рама домаќин на Отворен Балкан, Заев и Вучиќ одат во Тирана

Александар Вучиќ. Еди Рама и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 20 и 21 декември во Тирана ќе се одржи средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан, на која е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.

Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.

Веднаш по веста за средбата поранешниот претседател и експремиер, Сали Бериша, повика на национални протести, кои, како што изјави, се први во рамките на „револуцијата” и имаат две главни цели, против Отворен Балкан и против националната кражба, односно според него, обидите на Рама и Вучиќ за поделба на Косово.

– На 20 декември народот е на протест. Завршува непријателското антиалбанско сценарио на „Отворен Балкан” што е замена за Берлинскиот процес со онаа на Путин. Предупредив дека ќе има национални протести, рече Бериша.

Гостувајќи во телевизиска емисија тој го повтори предупредувањето до Вучиќ да не помислува да дојде во Тирана, затоа што ќе има полни улици и плоштади против него, што го кажа и на Националното собрание на 11 декември.

-Отворен Балкан е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлуенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме новиот Милошевиќ или младиот Слободан, за отворен Балкан да не си помислил да дојдеш во Тирана, зашто улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе, ја повтори заканата што ја кажа и на Националното собрание свикано од него.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот