Ракометната федерација доби специјално признание од ЕХФ

ФОТО: РФМ

За беспрекорната организација на ЕП 2022, Европската Ракометна Асоцијација (ЕХФ) на денешниот последен ден од натпреварувањето во Скопј,е додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија

„Оваа наградата се доделува на локалниот организациски комитет во Скопје, како признание за напорнатаработа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, за успешното Европско Првенство“, објавија од ЕХФ.

Наградата за локална организација на шампионатот што ја прими Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски ја доделија Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ како претставници на ЕХФ.

Воедно, ЕХФ додели награда на Централниот Организациски Комитет на Ракометната Федерација на Македонија, што претседателот Живко Мукаетов ја доби од рацете на Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.

Исто така, индивидуални награди за својот придонес во целокупниот организациски процес им беа доделени на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари, ангажирани во Ракометната Федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот