Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Румен Радев/ Фото EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Решението за проблемите во односите на Бугарија со Северна Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Затоа, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава и договорена преговарачка рамка, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Тоа се европски, а не бугарски барања, кои јасно кажуваат дека Република Северна Македонија мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во земјата. Треба да се искорени јазикот на омразата и насилството врз Бугарите, и да се почитува и заштити бугарското културно и историско наследство, истакнува Радев.

Бугарскиот претседател изразува надеж дека државниот врв во Скопје што побргу „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на Северна Македонија, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

Радев во интервјуто за АНА-МПА нагласува и дека Бугарија и Грција се стратешката оска на стабилност која создава можности за одржлив развој и раст на целиот регион.

– Двете земји не се само соседи, туку пример како на Балканот може да се надминат проблемите од минатото и да се градат стратешки односи врз основа на европските принципи и вредности, изјави шефот на бугарската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот