Радев: Имаме шанси следната година да влеземе во Шенген зоната

Румен Радев, претседател на Бугарија /Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Тирана изјави дека неговата држава продолжува со напорите заедно со Романија, до последен момент за влез во Шенген. Радев учествува на средбата на високо ниво ЕУ-Западен Балкан во Албанија.

Во изјавата за бугарските новинари, тој рече дека постојат сите шанси Бугарија да влезе во Шенген следната година. Ова е неговото мислење како резултат на разговорите со двете земји кои сè уште имаат сомнеж за влезот на Бугарија во Шенген – Австрија и Холандија, иако бугарскиот претседател не ги именуваше.

„Продолжувам да разговарам за темата Шенген со двајцата лидери. Продолжуваме да работиме на сите нивоа на дипломатијата, но работата мора да се заврши и во Бугарија. Мојот апел до сите политички партии е да не ја политизираат оваа тема. Нека не се користи за лична пресметка меѓу партиските лидери“, повика претседателот на Бугарија.

„Постојат сите шанси следната година Бугарија да се приклучи на Шенген зоната, но тоа во голема мера зависи од нас и од тоа како ќе ја играме оваа игра на полето на дипломатијата – без емоции и особено без емоции во Бугарија“, додаде тој.

Според него, во одредени земји од ЕУ има напластени чувства против Бугарија со години.

„Овие чувства, можам да кажам предрасуди – некаде се оправдани, некаде не, многу е тешко да се скршат. Затоа, активно работиме со сите дипломатски средства, рече шефот на бугарската државата и изрази уверување дека доколку се вложи напор во парламентот и во Владата, како и во претседателската институција, „ќе има успех”, јави БТА.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска објави дека Австрија се противи на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната.

Нехамер зборуваше за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Изјавата беше дадена еден ден откако романскиот министер за внатрешни работи Лучијан Боде беше во Виена каде што се сретна со австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

Холандската државна телевизија минатата недела објави дека Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на шенген-зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија

Холандија ќе го блокира приемот на Бугарија во шенген-зоната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот