Работниците во ЕУ жртви на кризата, инфлацијата е предизвикана од профитот на корпорациите, велат европските синдикални здруженија

foto- epa

Конфедерацијата на европски синдикати објави детална анализа за состојбата на платите и профитите на компаниите, алармира за состојбата на работниците во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Студијата на Европската синдикална конфедерација, каде членуваат сите големи синдикати на земјите членки на ЕУ, покажа дека во профитите на корпорациите во 13 земји на ЕУ се зголемиле за 6,5 отсто во однос на минатата година, додека реалните плати се намалиле за девет отсто во сите земји членки на ЕУ. Реалната плата е пресметана кога ќе се вклучи инфлацијата.

Ако се земе просечна бројка на сите 27 земји членки на ЕУ се доаѓа до зголемување од еден отсто на профитите на компаниите, а намалување од 2,5 отсто на реалните плати.

Најголем пад на платите има Чешка каде бројката изнесува минус 9,2 отсто, следува Хрватска со пад од 3,1 отсто на реалните плати и Шпанија и Шведска со минус три отсто. Најголем раст на корпоративните профити има во Романија со 6,5 отсто, потоа Португалија со 6,4 отсто, и Полска со 6,3 отсто. За разлика од Романија и Португалија, Полска кумулира и голем раст на приватните профити и голем пад на платите, тие се намалиле за 2,1 отсто.

Синдикатите алармираат дека работниците се првите жртви на кризата и дека инфлацијата е предизвикана од профитите на корпорациите, а не од платите. Конфедерацијата бара од ЕУ веднаш да издејствува зголемување на платите на работниците согласно стапката на инфлација, да ги ограничи цените на енергијата, да воведе такса врз “преголемите” профити и да го ограничи исплаќањето на дивидендите за акционерите.

-Овие бројки јасно покажуваат дека луѓето кои работат се првите жртви на растечката инфлација, која што е поттикната од корпоративното профитерство на грбот на стеснувањето во снабдувањето, предизвикано од пандемијата и од војната во Украина, изјави заменичката генерален секретар на Конфедерацијата, Естер Линч.

Таа истакна дека голем број луѓе не можат повеќе да си дозволат основни потреби како храна, кирија и греење и покрај тоа што работат долги часови, додека корпорациите ги зголемуваат дивидендите за нивните акционери.

-Јасно е дека компаниите треба да ги делат профитите на фер начин со работниците, рече таа, додавајќи дека владите треба да воведат данок за оваа цел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот