Путин застана на страната на Трамп: Демократите го отповикуваат претседателот само поради политички причини

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Рускиот претседател Владимир Путин на годишното обраќање пред новинарите рече дека постапката за импичмент (отповикување) на американскиот претседател Доналд Трамп е базирана на „фабрикувани“ обвиненија и дека американскиот Сенат ќе го одбие овој предлог, пренесуваат медиумите.

Обраќајќи ѝ се на јавноста на неговата годишна конференција во Москва, рускиот лидер ги отфрли тврдењата дека неговиот американски колега може да биде отстранет од претседателската фотелја. Путин тврди дека ривалите на Трамп од редовите на демократите ја спровеле постапката за импичмент чисто поради политички причини.

– Паријтата која ги загуби изборите продолжува да се бори на други начини – констатираше Путин.

Тој ја спореди постапката за отповикување на Трамп со претходната американска истрага за руско мешање во изборите во 2016 година, за која рускиот лидер рече дека е неоснована.

Путин додаде дека постапката за импичмент „сѐ уште треба да помине во Сенатот каде републиканците имаат мнозинство“.

– Малку е веројатно дека републиканците ќе сакаат да отстранат претставник на својата партија, според мене, поради целосно неосновани причини – смета Путин.

Годишната маратонска прес-конференција на рускиот претседател стана спектакл во последните години, а истата во минатото често траеше повеќе од четири часа. Денес, Путин започна да одговара на прашања на илјадници новинари ширум светот.

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС: Речиси две илјади новинари се акредитираа за годишната конференција на Путин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот