Путин подготвен да преговара, Кина сака кризата да се реши преку дијалог

путин и си џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џипинг EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Според Риа Новости, Путин за време на разговорите со неговиот кинески колега Си Џинпинг рекол дека Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво.

Претходно, украинскиот претседател Зелински ја повика Русија да се врати на преговарачка маса.

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на рускиот претседател Владмир Путин дека Кина ја поддржува Русија во напорите за решавање на украинската криза преку дијалог, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Лидерите разговарале телефонски во петокот, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот