Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на Аушвиц

Фото: Профимедиа

Денешната комеморација ќе биде одржана на територијата на некогашниот концентрационен логор во кој нацистите убија околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои повеќе од милион Евреи, а кој на 27 јануари 1945 година го ослободи руската Црвена армија.

Рускиот претседател Владимир Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Не, Владимир Путин не е поканет – изјави Песков на новинарите не изнесувајќи повеќе детали.

Тој потсети дека Русија ќе ја претставува амбасадорот на земјата во Полска.

Денешната комеморација ќе биде одржана на територијата на некогашниот концентрационен логор во кој нацистите убија околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои повеќе од милион Евреи, а кој на 27 јануари 1945 година го ослободи руската Црвена армија.

На комеморацијата ќе присуствуваат претставници на 54 држави во светот, вклучувајќи повеќе претседатели, премиери, претседатели на парламенти, министри, меѓународни организации, како и околу 200 преживеани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот