Путин: Ќе дојде време кога ќе именувам можен наследник
Минатата година Русија го смени уставот, а со промената на Путин му беше овозможено да биде претседател уште два шестгодишни мандати, односно потенцијално до 2036. Парламентарните избори се одржуваат во септември годинава.
„Ќе дојде време кога, се надевам, ќе можам да кажам дека тоа и тоа лице заслужува, по мое мислење, да биде лидер на толку прекрасната земја Русија, нашата татковина“, кажа Путин одговарајќи на прашања на граѓаните на државната телевизија.