ПУТИН ЈА ЗАЈАКНУВА ВОЈСКАТА СО РОБОТИ И ДРОНОВИ: Сите служби добиваат оружје базирано на вештачка интелигенција

Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска рекол дека употребата на роботи и дронови повеќе пати ги зголемува капацитетите на руската војска.

„Роботизираните системи и дронови активно се воведуваат и користат во процесот на борбени обуки, што ги зајакнува капацитетите на воените единици за повеќе пати“, рекол тој на состанокот на колегиумот на руското министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Путин рекол дека сите служби добиваат оружје и друг воен хардвер базиран на ИТ технологија и вештачка интелигенција.

Додал дека војниците користат нова опрема и дека на вежбите редовно усовршуваат нови вештини, како и дека Русија работи на развој на нова верзија на хиперсоничната ракета Циркон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот