Путин го повика Лукашенко да почне дијалог со опозицијата

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика белорускиот претседател Александар Лукашенко да почне дијалог со неговите противници, кои веднаш ја отфрлија оваа идеја доколку Лукашенко прво не ги ослободи политичките затвореници.

За време на ланските масовни протести во Белорусија, непосредно по оспорените претседателски избори, за кои опозицијата твредеше дека се наместени Путин застана зад Лукашенко.

– Знаеме дека ситуацијата во Белорусија се смири, внатре во земјата, но се уште има проблеми, ние сме целосно свесни за тоа. Секако, повикуваме на дијалог меѓу власта и опозицијата. Но, Русија дефинитивно ќе продолжи со својот пристап за зајакнување на врските и продлабочување на процесот на интеграција со Белорусија, рече Путин во говорот пред претставниците на руската надворешна политика во Москва.

„Путин наводно штотуку го повика Лукашенко да почне дијалог со опозицијата”, изјави Франак Виачорка, советник на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја, која лани се кандидираше против Лукашенко на изборите, откако истото му беше забрането на нејзиниот сопруг.

– Но, пред да се одржи дијалогот, ние мора да се погрижиме тој да не се одржи во затвор. Како предуслов за разговори, сите политички затвореници мора да бидат ослободени, а насилството мора да престане, додаде Виачорка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот