Путин ги советуваше руските новинари да не ги следат американските медиуми- „Ќе ве научат на лоши работи“

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEXEY MAISHEV

Рускиот претседател Владимир Путин ги советуваше руските новинари помалку да читаат американски медиуми, пренесува „Раша тудеј“. Забелешката дојде на прес-конференција во Бишкек, главниот град на Киргистан, како одговор на прашање за извештаите дека руската воздухопловна база Кант во Киргистан е напуштена поради конфликтот во Украина.

Американските медиуми велат дека целата опрема е во Украина, а базата Кант е напуштена“, праша на прес-конференција новинар од весникот „Известија“, без да прецизира кои американски медиуми изнесуваат такви тврдења.

„Залудно ги читате американските медиуми“, одговори Путин.

Тој додаде дека американските медиуми многу често ја искривуваат реалноста, наведувајќи дека го слушаат само поранешниот претседател на САД.

„Слушајте го, тој ќе ви даде добар опис на моменталниот степен на развој на американските медиуми. Американските медиуми ќе ве научат на лоши работи“, рече Путин.

Тој му одговори на новинарот дека воената база Кант е активна и продолжува да делува како „фактор за одвраќање за разни екстремисти“, дека таму има и активна авијациска единица која вклучува борбени авиони и хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот