Путин бара вакцината да биде развиена што е можно порано

Фото: ЕПА

Русија во септември планира да започне со производство на вакцината против „ковид-19“, откако ќе завршат клиничките испитувања во јули, а вакцината ќе биде потврдена во август.

 Вакцината во моментот е клинички тестирана врз волонтери, изјави вицепремиерката Татјана Голикова, јави денеска државната новинска агенција ТАСС.

Во мај, Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ објави дека развила вакцина против коронавирусот. Вакцината нема никакви несакани ефекти, според директорот на институтот Александар Гинзбург. Научниците на институтот ја тестирале вакцината врз животни, а потоа и на самите нив, рече тој.

Путин бара вакцината да биде развиена што е можно порано

Студијата за вакцината сè уште не е објавена и засега нема независна потврда за тврдењата на научниците или членовите на владата. Производството на вакцини обично трае неколку години.

Вакцината моментално ја тестира руската војска врз 50 војници доброволци, во воено-истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да заврши до крајот на јули.

Седум истражувачки институти во моментов работат независно во Русија за да ја пронајдат вакцината, а три од нив се ветувачки, рече Голикова.

Рускиот претседател Владимир Путин побара руската вакцина да се развие што е можно поскоро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот