Пукотница на Универзитетот во Хајделберг, напаѓачот убиен

Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во германскиот универзитетски град Хајделберг рано попладнево се спроведува голема полициска операција, откако беше пријавено дека едно лице повредило неколку лица во областа на универзитетот. Полицијата во меѓувреме соопшти дека напаѓачот е мртов, пишува Мирор.

Нападот, според првичните информации, се случил во една од предавалните на универзитетот, а во него, наводно, напаѓачот користел огнено оружје.

Блокирана е областа во населбата Нојенхајмер Фелд, а полицијата ги повикува граѓаните да се држат настрана од овој дел од градот во кој се наоѓаат зградите на факултетите за природни науки на Универзитетот во Хајделберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот