Пукање во Сараево, повреден малолетник

Пукање во кое е ранет малолетен тинејџер (16) се случило вечерва во 20.20 часот на улицата Музе Ќазим Ќатиќ, во близина на Музичката академија, во општина Стари Град во Сараево.

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево за Klix.ba велат дека имаат информации за пукањето, но нема детали.

-На местото на настанот е испратена патрола, чекаме повратна информација – велат оттаму.

Како што неофицијално дознава споменатиот портал, пукано е во 16-годишник.

-Едно лице е погодено во потколеницата и е префрлено во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево каде ќе му биде укажана лекарска помош –  изјави портпаролката на МВР, К.С. Мерсиха Новалиќ.

Полицијата на лице место врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот