Пукање во касарна во Австрија: Убиен стражар, повреден уште еден војник

Фото: EPA/BENEDIKT LOEBELL/Илустрација

Еден војник загина, а друг е ранет во денешната престрелка во воздухопловната база во австрискиот град Винер Нојштад, соопшти портпаролот на австриското Министерство за одбрана.

„Во касарната на воздухопловната база во Винер Нојштад, еден војник на стража загина, а друг е ранет во размена на оган што се случи утринава, нешто пред 7:00 часот“, објави портпаролот Михаел Бауер на Твитер.

Ројтерс пренесува информација од австриската новинска агенција АПА дека војник на стража пукал за време на очигледна расправија, а потоа бил убиен од висок воен офицер.

Како што јави австриската новинска агенција АПА, војникот кој бил на стража пукал за време на расправијата, а потоа бил застрелан од воен офицер од повисок ранг.

Австрискиот радиодифузер ORF објави дека стражарот кој бил убиен бил на 20-годишна возраст и од провинцијата Долна Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот