Првиот светски рекет Ѓоковиќ нема да игра на мастерсот во Мајами

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерс турнирот во Мајами, одлука што изненади голем број на фанови на српскиот тенисер.

Во Индијан Велс, прворангираниот на АТП листата неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.

– Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата сè уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму – изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.

Ѓоковиќ е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра во периодот од 20 до 31 март.

Сега српскиот ас се подготвува за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој ќе стартува на 7 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот