Прва спуст победа за Одермат во Светскиот куп

Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Maрко Одермат е победник на денешниот спуст кој се одржа во Венген во рамките од Светскиот куп.

До победата Одермат дојде со време од 1:43:32 минути и така го забележа првиот триумф во спуст во Светскиот куп. На втората позиција заврши Сиприја Саразан од Франција, додека подиумот го комплетираше Александер Килде од Норвешка.

Во пласманот во спуст водечки е Одермат со 276 поени, пред Саразан со 230, а трет е Килде со 220.

Кога во прашање е комплетниот генерлаен пласман Одермат има 836 поени, пред Марко Шварц со 464.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот