
Прва победа за Тренто во Еврокупот, Јакимовски одличен
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Тренто конечно ставија крај на серијата неуспеси и стигнаа до првиот триумф сезонава во Еврокупот, славејќи на тешкото гостување во Подгорица кај Будуќност со 96-107.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Клучниот момент на мечот се случи во третата четвртина, кога италијанскиот состав одигра речиси перфектно на двата краја од теренот. Јакимовски и соиграчите го добија тој период со убедливи 12-30, што се покажа како недостижна разлика за домашниот тим.
Одличен натпревар одигра и македонскиот кошаркар, кој со 15 поени беше втор најпрецизен кај победничкиот тим, веднаш зад Џоунс кој уфрли 24. На другата страна, најдобар стрелец кај Будуќност беше Мејс со 22 поени, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне поразот.
Фото: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5