Прва лига: МЗТ го доби Еуро Никел, Феникс го изненади Гостивар

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

MЗТ Скопје во денешниот натпревар против Еуро Никел беше подобар со 71:61 и така стигна до четвртата победа во македонската Прва лига.

Еуро Никел даде голем отпор во првата четвртина во која имаше и водство од 13-11, но потоа МЗТ Скопје ја врати предноста (14-13) и ја задржа до крајот на првите 10 минути (20-17). Голема битка се водеше на паркетот и во продолжение, а на полувреме со водство од 33-25 замина тимот од Аеродром.

Гостите на почетокот на вториот дел намалија на четири разлика (29-33), но потоа МЗТ Скопје влезе во одличен ритам и набрзо создаде водство од +16 (51-35) со што стана јасно дека се на чекор до победата.

Скопската екипа за момент се опушти во завршницата од мечот и им дозволи на гостите да намалат на 47-51, но потоа следеше серија од 10-0 (61-47) по што Еуро Никел повеќе не можеше да се врати резултатски во дуелот (71-61).

Во редовите на МЗТ најефикасен беше Душан Танасковиќ со 18 поен, 12 скокови и две асистенции. Макс-Смит-Меквен беше најрасположениот во редовите на Еуро Никел со постигнати 30 поени.

Феникс приреди изненадување и го совлада фаворитот Гостивар со 66:64 и тоа беше најголемото изненадување во петтото коло од Првата лига.

Натпреварот во најголем дел од периодот беше изедначен, а на крајот Феникс беше подобар во завршницата за изненадувачки триумф. Џозеф Рис и Метјус Кларкс со по 16 поени беа најефикасни кај Феникс, додека Максим Митевски додаде 18 за Гостивар.

Во останатите натпревар Работнички го доби Вардар во скопската пресметка со 68:119, ТФТ Скопје славеше над Кожуф со 55:64, додека Пелистер го совлада Охрид со 97:57

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот