Прва лига: Дербито за Пелистер, шампионот „падна“ во Битола

Фото: КК „Пелистер“ - Битола

Во последниот натпревар од 3. коло, кој воедно беше означен како „реприза“ на ланското финале на плеј-офот, екипата на Пелистер, во доста променет ростер во однос на последниот првенствен, но и оној меч од АБА 2 лигата, пред извесно време, на турнирот во Суботица, беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром. (81:71).

Екипата од Битола беше далеку подобар противник во дерби дуелот на 3. коло. Особено тоа се однесува за првото полувреме во кое екипата која сега од клупата ја предводи Дарко Радуловиќ се стекна со предност и од 19.поени (39:20).

Но само благодарение на серија од (9-0), направена во последните 2:45 минути, актуелниот шампион фати резултатски приклучок, односно се доближи на подносливи (30:39) на полувремето.

Во второто, продолжи трката на „сино-белите“ да го достигнат постојаното водство на „пелистерци“. Но бранителот на титулата беше далеку од пресврт…

Навистина, во финалниот дел, односно во 33. минута, МЗТ Скопје се доближи на негатива од само пет поени (58:63). Но „бело-зелените“ знаеја да се одбранат.

Со серија од седум поени (пет од нив на новакот Андреј Магдевски), Пелистер го одбрани тој последен обид на „металците“. Брзо се врарти на двоцифрена предност (70:58). И Иако до крајот имаше да се играат скоро шест минути, гостите од Скопје немаа доволно енергија да пробаат да направат уште еден „камбек“, па мораше да се помират со првиот пораз во сезоната, уште во раната фаза од шампионатот.

Во првата победа на Пелистер, се издвои Андреј Маслинко, репрезентатвното крило постигна 21.поен,  дополнети со шест скока, исто толку поени дојдоа и од Бернард, кој додаде и десет скока и 4.асистенции, додека новиот играч во ростерот Мијовиќ имаше добро деби во новиот дрес, заокружено со 13.поени и 5.скока.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Расел постигна 18, Танасковиќ даде еден помалку (но и десет скока), Ворку имаше 14, а Војдан Стојановски уште десет поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот