Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

Мајмунски сипаници Њујорк
Долги редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници / Фото Kena Betancur / AFP / Profimedia

Американските здравствени власти објавија дека жител на Лос Анџелес почина од мајмунски сипаници, што се верува дека е првиот смртен случај во САД од овој вирус, пренесува Гардијан.

Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес ја потврди смртта и соопшти дека поединецот бил со сериозно ослабен имунитет. Тие не дадоа повеќе детали за лицето.

Одделот и Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) донесоа одлука дека смртта се должи на мајмунските сипаници.

Тексас минатиот месец ја пријави првата смрт кај човек на кого му беа дијагностицирани мајмунски сипаници. Но, тој случај сè уште е под истрага за да се види каква улога имале мајмунските сипаници во смртта.

Мајмунските сипаници ретко се фатални, но луѓето со ослабен имунолошки систем може да имаат поголема веројатност сериозно да се разболат или да умрат, велат здравствените власти. Мајмунските сипаници може да предизвикаат осип, треска, болки во телото и настинка, но релативно малку луѓе бараат хоспитализација и само мал број смртни случаи ширум светот се директно поврзани со болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот