Прв европски атлас што ја покажува потрошувачката на енергија

струја фото миа

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија создаде атлас за потрошувачка на енергија во целата Европска унија, објави порталот смарт-енерџи.ком на 28 февруари. „Овој концепт е целосно уникатен“, рече Сала Састамоинен, заменик генерален директор на ЏРЦ.

„Креаторите на политиките и планерите на инфраструктурата ќе можат да видат на мапа кои горива се користат и каде, со невидени географски детали. Ова ќе им помогне да го проценат идното влијание на енергетските политики во секоја заедница низ Европа“, вели таа, пренесува Билтенот на Српската агенција за енергетика, објави Политика.рс.

Некои од енергетските производи со мапирана понуда и побарувачка вклучуваат електрична енергија, природен гас, топлина, обновлива енергија и биогорива, цврсти фосилни горива и нафта и нафтени продукти. Меѓу општите истакнати наоди е дека природниот гас првенствено се троши од електрани, индустрија и домаќинства, со високи концентрации во густо населените области.

Потрошувачката на електрична енергија е исто така значајна во урбаните средини, додека другите извори на енергија, како што се индустриските гасови, нафтените шкрилци и отпадот, се трошат во близина на изворот за индустриски процеси. Истакнат пример се проектираните промени во побарувачката на природен гас од 2019 до 2050 година, кои покажуваат општо поместување кон помала потрошувачка, што укажува на напредок кон целите за декарбонизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот