Просинечки: Првпат слушам такво нешто, со никого не сум разговарал од ФФМ!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Веста која вчера ја објави српскиот „Курир“ предизвика големо внимание во македонската фудбалска јавност околу селекторската клупа на сениорите.

Излезе информација дека прославениот хрватски фудбалер Роберт Просинечки би можел да ја води нашата А репрезентација на наредното Европско првенство, но од тоа нема никаква вистина.

Повторно ќе информираме дека Игор Ангеловски кој успеа да ја однесе Македонија на ЕП има договор до 31.12.2020, и како што известија од ФФМ после завршувањето на истиот ќе се разговара за евентуално продолжување на соработката.

Просинечки кој ја напушти клупата на турскиот клуб Денизлиспор е моментно без функција и веднаш таквиот факт бил искористен за објавување на вест која на крајот испадна дека не е точна.

Хрватскиот веб портал „Јутарњи“ веднаш го прашаа за ваквите гласини и еве го неговиот одговор:

– Вие сте првиот што ми го кажува тоа..не ги читав порталите. Навистина не знам ништо за тоа, еве, ти велам, прв пат слушам такво нешто. Јас воопшто не сум разговарал со никого од Фудбалската федерација на Македонија. Јас сум дома во Загреб откако се вратив од Турција, нема други новости – рече Просинечки.

Просинечки ќе ја води Македонија на Европското првенство!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот