Просечните плати во Израел достигнаа рекордно високо ниво, многу работници беа отпуштени поради војната во Газа

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Просечната месечна плата во Израел се зголеми во ноември 2023 година за 9,5 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, достигнувајќи рекордни 12.969 шекели (3.535 долари), според податоците на Националното биро за статистика.

Според официјалните податоци објавени од израелскиот весник „Глоубс“, просечната реална плата (мерка за куповната моќ што ја зема предвид инфлацијата) во истиот месец пораснала за 6 отсто на годишно ниво, пренесува АлЏезира Балканс.

Според официјалните податоци, бројот на работни места во ноември 2023 година е намален за 4,9 отсто во однос на истиот месец во 2022 година, а за 2,5 отсто во однос на октомври, односно за само еден месец.

Многу работници се отпуштени или на неплатено отсуство поради војната и забавувањето на комерцијалната активност, пишува весникот, што можеби вештачки ја надувало просечната плата.

Весникот наведе сличен феномен што се случи за време на пандемијата, кога просечната плата скокна првенствено поради отпуштањата на работниците со ниски плати. Во технолошката индустрија, скокот на просечната плата беше поголем, бидејќи во ноември 2023 година се зголеми за 10,4 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, надминувајќи 29.000 шекели (7.906 долари), според весникот.

Сепак, бројот на работни места во технолошката индустрија падна за 1 процент, што е одраз на реалното зголемување на платите на работниците. Во ноември 2023 година, работните места во технолошкиот сектор претставуваа 10,4 отсто од вкупните работни места во израелската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот