Проруски сепаратисти со смртни казни им се заканија на странски војници

Фото: Alexander Reka

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле на украинската страна во источниот регион Донбас во земјата, може да се соочат со смртна казна, изјавија бунтовниците поддржани од Русија, цитирани од руската новинска агенција Интерфакс.

Виктор Гаврилов, официјален претставник на канцеларијата на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), вели дека кривичната истрага „е завршена“ и – имајќи предвид дека војната е во тек – обвинетиот може да биде осуден на смртна казна.

Гаврилов ги идентификуваше двајцата заробени Британци како Шон Пинер и Ендрју Хил, додека мароканскиот државјанин беше именуван како Садун Брахим.

ДНР наводно вовела смртна казна на територијата одземена од Украина во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот