Пропаднатата американска платформа за криптовалути има повеќе од 100.000 доверители

Биткоин / EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Неуспешната платформа за тргување со криптовалути FTX има повеќе од 100.000 доверители, а бројката би можела да надмине еден милион, според документите во нејзиното барање за стечај во САД.

FTX поднесе барање за заштита на доверителите пред американскиот суд минатиот петок, откако во паника трговците повлекоа повеќе од шест милиони долари од платформата за само три дена, а конкурентот Бинанце се повлече од договорот за финансиска помош, забележува Ројтерс, пренесува Пословни хр.

Бинанце достави писмо со намери да купи FTX, но го повлече веќе следниот ден. Минатиот викенд, извршниот директор Чангпенг Жао објави на Твитер дека Бинанце повеќе не прифаќа депозити во криптовалутата на FTX, сугерирајќи им на другите компании во секторот да го следат примерот.

„FTX се соочи со тешка ликвидносна криза што ја принуди да поднесе итна апликација (за заштита од доверителите) минатиот петок“, се вели во документите поднесени во американскиот суд. Стечајната постапка опфаќа повеќе од сто илјади доверители, но бројот може да надмине еден милион, бидејќи FTX побара од членовите на групата да не ги поднесуваат списоците на големите доверители одделно, туку да ги комбинираат во заедничка листа, се наведува во поднесокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот