Пронајдена е неактивирана бомба! Анџелина Џоли евакуирана од снимањето

freakingnews

Екипата на новото остварување на „Марвел“, „The Eternals“ итно е евакуирана од сетот откако е пронајдена недетонирана бомба на местото каде што е снимана сцената.

Ѕвездите на филмот, Анџелина Џоли и Ричард Маден, откако била пронајдена бомбата веднаш биле преместени на безбедно место. Местото на случувањето е Фуертевентура на Канарските Острови.

Како што пренесуваат странските медиуми, сите биле во паника, а веднаш стигнала екипа од професионалци кои ја отстраниле бомбата.

„Беше страшно. Бомбата стоела таму со децении недопрена, а којзнае што сè можеше да се случи, можеше да се активира“, рекол извор за „The Sun“.

Сè уште не се знае од каде е бомбата или колку долго стоела таму, но се знае дека островот го користеле Германците како своја база во текот на Втората светска војна.

Во актерската екипа се наоѓаат и Селма Хаек и Кит Харингтон, за кои не е познато дали тогаш се наоѓале на снимањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот