Пронајден експлозивен механизам во близина на судот во Атина, по предупредувачки повик

Фото: МИА

По анонимен предупредувачки телефонски повик за поставена бомба во атинскиот суд, грчката полиција, според АНА-МПА, ноќеска пронашла ранец со експлозивен механизам во делот пред судот, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознато лице, кусо пред полноќ се јавило во информативниот портал „Зугла” и предупредило дека во судот е поставена бомба, која ќе експлодира за 25 минути.

Полицијата веднаш пристигнала во судот, тим од Одделот за деактивирање на експлозивни направи извршил проверка, а како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, надвор од судот бил пронајден ранец во кој имало експлозивен механизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот