Гоце Дртковски / Насловна корица на книгата „Приватна насмевка“

Промоција на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе се одржи во „Јавна соба“

Новата книга со наслов „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе биде промовирана на 9-ти октомври во „Јавна соба“, со почеток во 20 часот. Во книгата се поместени тринаесет раскази и четири есеи за слободата. Издавач на книгата е „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје.

Авторот Гоце Дртковски првпат се јавува со наслов од областа на литературата. На промоцијата, актерот Филип Трајковиќ ќе прочита делови од книгата и во пријатниот простор во поткровјето на „Јавна соба“ ќе се слушаат незаборавни македонски забавни мелодии.

Гоце Дртковски е новинар, колумнист, публицист, издавач и автор е на повеќе книги: „Затворено општество“ ‒ за слободата на говорот во првите години од осамостојувањето на земјата. Во „Слободен новинар“ Дртковски пишува за своето искуство во новинарството.

Најзначајно негово дело е книгата „Вонредна состојба“, каде што се истражува периодот на посткомунизмот во Македонија. „Непријатност во Културата, или Културата и другите демони“ е негова книга есеи, објавена во 2022 година.

Во претставувањето на книгата „Приватна насмевка“ се вели: „Да се биде како другите, значи да се биде нормалeн, и тоа е крајната цел на граѓанскиот конформизам. Ние лесно се приспособуваме на мејнстримот, таму препознаваме желби и ги откриваме правилата кои треба да се следат. И во уметноста и во книжевноста, главниот тек лесно може да ве заведе. Ликовите во ‘Приватна насмевка’ се држат понастрана од мејнстримот, од клишето, и за нив не важи емотивниот маниризам кој доминира во глобалната инстант-култура.

Книжевната нарација е скептична кон животот и постојано прашува: зошто? Таму нема јадосувања, чемер, мачнина – во ‘Приватна насмевка’ се вгнездил заборавот и без сочувство и емотивни патоси, без лифтинзи и фотошопирања, со неподнослива леснотија се зборува за животот. На прашањето дали така мораше да биде, некој глас таму спокојно вели: Да, така мораше да биде.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот