ПРОИЗВОДИТЕ ОД ОВИЕ ЗЕМЈИ СЕ НАЈЦЕНЕТИ: Потрошувачите сè уште најмалку веруваат во кинеските

фото: Профимедиа

Глобалните потрошувачи најмногу ги ценат производите од Германија, а во голема мерка недоверба имаат во кинеските производи, според истражувањето на компанијата за јавно мислење „YouGov“ и Универзитетот Кембриџ.

Повеќе од половина од испитаниците во 23 земји дадоа позитивна оценка за германските производи, а само шест проценти им дадоа негативен рејтинг, покажуваат резултатите од истражувањето направено преку Интернет.

Притоа, Германија постигна 45 поени во истражувањето. Италија заврши на второто место со 38 поени, а потоа следуваат Велика Британија и Франција, и двете земји со по 34 поени. Јапонија постигна 33 поени и за пет бода е подобра од Јужна Кореја.

За кинеските производи во просек 44 проценти од испитаниците ги оценуваат негативно, а пак 15 проценти од нив како позитивни. Кина со тоа се најде на последното место, 12. место во групата на земјите-производители, со освоени нето 29 бодови.

Анкетирани беа потрошувачите од земји и региони со високи приходи, вклучително и Европската унија, САД, Австралија и Јапонија, но и потрошувачи со ниски приходи како Индија, Мексико, Кина, Нигерија и Јужна Африка.

– Нашето истражување покажува дека потеклото на производот продолжува значително да ја обликува својата перцепција кај потрошувачите – заклучи директорот за маркетинг на „YouGov Germany“, Филип Шнајдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот