Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ

Биљана Ангелова / фото: Фокус

Професор-доктор Биљана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ, потврди таа за повеќе медиуми. Неофицијално, таа на денешните избори за прв човек на нашиот најстар и најголем универзитет, убедливо ги победила останатите петмина кандидати.

Официјално, универзитетот сѐ уште не ги објавил резултатите од денешното гласање.

Редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска избираа прв човек на најстарата високообразовна институција во државата.

Во трка за мандатниот период од 16 септември 2023 до 15 септември 2026 година, беа деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, потоа, проф. д-р Горан Ајдински, исто така од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и актуелна проректорка за настава, проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ, проф. д-р Атанас Кочов од Машинскиот факултет, како и актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Биљана Ангелова.

Ангелова од 1992 година е вработена во Економскиот институт, каде во континуитет напредува во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловните финансии, а во 2012 година повторно е избрана за редовен професор во областа на финансискиот менаџмент.

Во периодот 2006-2008 година била раководител на втор циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Била прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 г. до септември 2016 година била директор на Економскиот институт.

Во јуни 2016 г. е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Комисијата за издавачка дејност на Универзитетот.

Официјално: Проф. Ангелова добила скоро 400 гласа за ректор на УКИМ, двојно повеќе од следниот кандидат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот