Официјално: Проф. Ангелова добила скоро 400 гласа за ректор на УКИМ, двојно повеќе од следниот кандидат

Фото: УКИМ

Универзитетот „Кирил и Методиј“ официјално ги соопшти резултатите од денешните избори за ректор, на кои 1.419 редовни и вонредни професори, доценти и студенти гласаа за избор на нов ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

„Актуелната проректорка за финансии на универзитетот, Биљана Ангелова, стана нов ректор со добиени само 27% од вкупниот број на гласови според Единствениот избирачки список, односно 392 гласа. Разликата помеѓу гласовите на професорите Христина Спасевска и Димитар Ташковски, кои доаѓаат од ФЕИТ, е само 5 гласа. Вкупно 187 професори и студенти гласале за професорката Спасевска, додека пак 192 гласа за Ташковски. Горан Ајдински од Филозофскиот факултет на денешните избори за ректор освои 181 глас од вкупно 1 419 гласачи, 152 гласови за професорот Атанас Кочов и 118 за професорот Дуев“, се вели во соопштението од УКИМ.

Гласањето за избор на ректор се одржа на 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ. Од вкупно 1.419 гласачи запишани во Единствениот избирачки список на УКИМ, правото на глас го искористил 1.251 гласач (88,16 %), а 29 гласови се неважечки, соопштија од УКИМ.

Професорката од Економскиот институт Ангелова ќе биде втората жена-ректор на УКИМ во 74-годишната историја на нашиот најголем и најстар универзитет. Од 1996 до 1998 година, на највисоката позиција на УКИМ беше проф.-д-р Радмила Кипријанова.

Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот