Професор педофил вратен на работа во училиште

Професор по физичко образование во ОУ Грбавица 1 во Сараево е вратен на работа иако е осуден на една година затвор за кривично дело блуд.

Како што пишува Кликс, С.А. бил прогласен за виновен со првостепена пресуда во 2018 година, откако беше обвинет дека две години претходно разменувал пораки и фотографии со една ученичка.

Случајот го пријавиле нејзините родители, по што тој бил приведен. Во тоа време бил наставник по физичко образование и тренер на Одбојкарскиот клуб ОРТ.

По првостепената пресуда, Обвинителството не предложило никакви мерки, па можел непречено да работи како професор додека ја чека правосилната пресуда.

По правосилната пресуда во ноември минатата година за една година затвор, како и една година забрана за работа како наставник, С.А. ништо не го спречило уредно да ја плати затворската казна и со тоа да биде ослободен без да оди зад решетки, а потоа да се врати на работа бидејќи законот не го спречува во тоа.

Кликс пишува дека судот му издал и потврда за неспроведување на кривична постапка со која му се дадени сите услови непречено да ја врши поранешната работа. Инаку, во текот на судскиот процес С.А. бил на неплатено отсуство.

Кликс посочува дека училиштето не можело да го спречи осудениот педофил да се врати во училницата бидејќи законот тоа не го регулира соодветно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот