Продолжуваат проблемите за Србија: Пешиќ остана без уште двајца кошаркари пред Мундобаскетот
Селекторот на репрезентацијата на Србија, Светислав Пешиќ потврди дека Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ нема да настапат на Мундобаскетот.
Утре Србија го игра единствениот натпревар пред својата публика пред настапот на Светското првенство, а Пешиќ ги потврди отсуствата.
„За жал нема да можеме да сметаме на Смаилагиќ. Тој се здоби со вирусно заболување, изгуби 6-7 килограми и воопшто не беше на тренинг. Трифуновиќ се справува со повреда која ја има подлого време, беше тука, но нема да може да продолжи. Навистина ми е жал што нема да можеме да сметаме на нив“, изјави Пешиќ.
Со ова станува јасно дека Србија ќе биде драстично ослабена бидејќи од претходно е познато дека нема да може да сметаат на Јокиќ, Мициќ, Калинич, Јарамаз, Покушевски и Недовиќ.