Продолжува протестот на судската администрација

Протест на судска администрација, фото: МИА

Независниот синдикат на судската администрација денеска продолжи со протест за покачување на платите и додатоците на плата.

Вработените во судската администрација од 9:30 до 10:30 часот ја блокираа крстосницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и ги повторија своите барања, повисоки плати за 78 отсто на минималната плата во судската служба и 35 проценти додаток на плата за судските службеници.

Велат дека очекуваат преговори, во спротивно ќе продолжат со протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот