Продолжува падот на цената на нафтата на светскиот пазар

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Цената на нафтата на светските пазари денеска повторно забележаа пад во неколкудневниот благ пораст како последица на намалената побарувачка за овој енергенс поради пандемијата со корона вирусот.

Во Лондон суровата нафта од типот Брент од Северното море забележа пад на цената од 3,1 отсто или за 84 центи за барел и сега еден барел нафта се тргува за 26,31 долар.

Во Њујорк цената на нафтата забележа пад од 29 центи или 1,2 отсто и сега еден барел од оваа нафта чини 23,72 долари.

Изминатите неколку дена цената на нафтата бележеше благ пораст, но намалената побарувачка на нафтени деривати, особено керозинот кој се користи како авионски гориво, бидејќи се повеќе земји воведуваат блокади за превоз на патници со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, изврши притисок и повторно влејаеше врз намалување на цената на црното злато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот