Продолжува бојкотот на албанските универзитетски професори, Владата одби да им ги покачи платите

Архива на СП

Со протестот пред универзитетскиот кампус во Тирана, албанските универзитетски професори влегоа во втората недела на бојкот, откако владата не го исполни едно од нивните главни барања а тоа е зголемување на платите.

Првиот човек на синдикатот на универзитетските професори Сандер Ковачи го прочита отвореното писмо испратено до шефот на државата, премиерот, министерката за образование, како и до странските амбасади.

Се бара да се достигне висината на платата како на државните универзитети во Косово, во рок од две години и тоа од 30 отсто од овој месец и 20 отсто во октомври следната година.

Тој ги повикаа студентите да им се придружат на протестите, кои, како што рече, ќе траат до исполнување на барањето.

Владата одлучи да им ги зголеми платите за 7 отсто од државниот буџет, што тие ја оценија како смешна одлука.

За дополнителните 8 отсто што според Министерството за образование треба да се исплаќаат од универзитетски средства, професорите сметаат дека студентските такси треба да им се враќаат преку услуги, а не да одат на плати.

Неодамна и студентите до премиерот Еди Рама и до Министерството поднесоа петиција каде бараат финансиска помош поради ценовната криза.

Академската 2022/2023 година требаше да почне минатиот понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот